Бразилскиот талент Рафаел Камара направи голем чекор во кариерата откако потпиша повеќегодишен договор со тимот на Хас во Формула 1. Актуелниот лидер во шампионатот во Формула 2 се очекува да го замени Французинот Естебан Окон, чиј договор истекува на крајот од сезоната.

Камара најверојатно ќе биде тимски колега на Британецот Оливер Берман, за кого Хас најави дека наскоро би можел да го продолжи договорот. Двајцата млади возачи се дел од развојната програма на Ферари, долгогодишниот снабдувач со мотори на американскиот тим.

Бразилецот зад себе има импресивен развој во јуниорските категории. Минатата сезона ја освои титулата во Формула 3, а сега е на врвот во Формула 2, со седум бода предност пред Никола Цолов, возач поврзан со академијата на Ред Бул.

  • Многу сум среќен што му се придружувам на Хас како возач во Формула 1. Ова е значаен чекор во мојата кариера и благодарен сум за довербата што ми ја укажа тимот, изјави Камара, заблагодарувајќи им се и на Ферари и на своето семејство за поддршката.

ИЗДВОЕНИ