Кошаркарот Дерик Вајт (31) има одлична сезона со тимот на Бостон и додека го чекаат почетокот на плејофот во Источната конференција, американскиот плејмејкер зборуваше за тема што предизвика бура на социјалните мрежи. Тој зборуваше за познатото слетување на Месечината и дека воопшто не верува во тоа.

  • Не би се нарекол теоретичар на заговор, но мислам дека се интересни. Сакам да дебатирам и ми се допадна твит од комичар што напиша: „Дали мислите дека Владата 100 проценти ја кажува вистината во случаите?“ Тоа ми беше навистина смешно. Мазула неодамна зборуваше и за слетувањето на Месечината. Не мислам дека сме слетале на Месечината. Јас сум еден од оние што не веруваат во тоа. Имам некои други теории на заговор, можеби, сега не е вистинското време да ги објавам – рече Вајт во својот поткаст.

Неговите зборови одекнаа и предизвикаа контроверзии. Обожавателите почнаа да се расправаат поради неговите зборови. Има и такви што го поддржуваат и такви што тврдат дека треба да молчи и да не кажува такви работи повторно.

Слетувањето на Месечината било на 20 јули 1969 година. Мисијата „Аполо 11“ и НАСА траеле осум дена и наводно слетале на Месечината на 20 јули.

Екипажот го воделе Нил Армстронг, Мајкл Колинс и Баз Олдрин. Врз основа на тоа беа снимени неколку филма на истата тема. Но, има и такви што тврдат дека сè било наместено, вклучувајќи го и Вајт.

ИЗДВОЕНИ