Мицкоски: Трагичниот 16 март беше најтешкиот ден во мојот живот 

562
Фото: Фејсбук

Најтешката одлука во животот премиерот Христијан Мицкоски ја донел кобната ноќ на 16 март, кога во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ и последици од него згаснаа 62 млади животи, а тој брзо морал да одлучи дали тешко  повредените ќе се носат во други држави или ќе се лекуваат во домашните болници. Како што рече премиерот вчера, медицинските експерти од една страна предупредувале дека тешко повредените не смеат да се транспортираат, но од друга страна посочиле на ризикот дека доколку останат, голем број нема да преживеат. Тогаш Мицкоски одлучил на негова одговорност, повредените да бидат транспортирани.

-Јас имам 47 години, но кога би анализирам кој бил најтежок ден во мојот живот, тоа беше тој ден. Беше 3:30 наутро, кога човек тропаше на вратата од мојот дом. Тоа беше човек од обезбедувањето на министерот за внатрешни работи, бидејќи не го гледав телефонот. Нормално, спиете тогаш. Веднаш се совземав и ги повикав луѓето од мојот тим да одиме веднаш во Кочани. Во 05 часот стигнавме таму. Тоа беа моменти кога требаше да се одлучи брзо, но мудро. Немаме совршени односи со дел од соседите, особено со еден, и кога ќе пристигне понуда за помош, веднаш размислувате и за политичките и за човечките последици. Ми рекоа дека првите 72 часа се клучни. Кога прашав кога е опцијата – тие рекоа ние да ги негуваме, веројатно ќе имаме повеќе жртви од сега. И тогаш размислив неколку секунди. Им реков да ги спремат пациентите и веднаш да се транспортираат. Еден од нив рече дека е на моја одговорност, а јас реков: да, на моја одговорност, дизјави вчера Мицкоски во своето обраќање на Самитот „Македонија 2025“.

Тогаш беа транспортирани првите 50 пациенти, а потоа почна да стигнува помош и од другите земји.

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ