четврток, јуни 4, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Мицкоски: Струјата нема да поскапи

Мицкоски: Струјата нема да поскапи

47

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека енергетската состојба е стабилна и оти нема да има поскапување на струјата. ЕСМ, како што рече, во моментов има на располагање некаде околу 3.200 тони мазут.

– Видете, јас не знам дали се повлечени на дневна основа, но можат да ги повлечат кога сакаат, доколку имаат потреба, се разбира. Тоа е поврзано со мазутот. Од аспект на функционирањето на производните капацитети, тие функционираат. Акумулациите се на некаде отприлика над 40 %, што за овој дел од годината е, да речеме, најмалку двојно повеќе од некои минати времиња. Сега почнува и сезоната за наводнување, некаде првата половина на април. Имаме доволно количество вода и за производство на електрична енергија и за земјоделците за наводнување. Деновиве, во одредени моменти од денот, ЕСМ дури продава на берзи и заработува приближно од 100 до 150 илјади евра на ден. Нема да има поскапување на цената на електричната енергија за граѓаните, така што целата состојба е под апсолутна контрола. Ќе повторам, предизвици ќе има, дневно ги решаваме. Можеби ќе има поголеми предизвици, не знам, тоа не зависи од нас, зависи од некои други фактори, ќе повторам, во светот. Но затоа сме ние, Владата, да реагираме проактивно, а не реактивно“, рече Мицкоски.

ИЗДВОЕНИ