четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Мицкоски: Решението за полагање на правосуден испит ќе биде согласно на Уставот...

Мицкоски: Решението за полагање на правосуден испит ќе биде согласно на Уставот и на меѓународните стандарди

493

Се работи на решението за начинот на употреба на албанскиот јазик при полагањето на правосудниот испит, најави денеска македонскиот премиер Христијан Мицкоски. Во одговорот на новинарското прашање за време на вчерашната посета на скопската општина Аеродром тој рече дека околу тоа се вклучени повеќе правни експерти.

-Работиме на решението и тоа мора да биде согласно на Уставот и на меѓународните стандарди. Факт е дека Законот за употреба на јазиците е предизвикан пред Уставниот суд токму во оној дел на правосудството и владеењето на правото. Факт е дека имаме негативно мислење од Венецијанската комисија во однос на двојазичноста во правосудството бидејќи прво немаме доволно ресурси за тоа да го имплементираме, а второ не се гарантира владеењето на правото. Затоа тие силно препорачуваат да се вратиме на законот за јазици од 2008 или 2009 година – рече Мицкоски.

Тој додаде дека е формирана посебна комисија која работи на решенијата согласни на Уставот и на законите.

-Вчера видовме голем број на опозициски и активисти и високи функционери кои беа на протестот, давајќи му и политичка конотација. Ние за тоа ги информиравме нашите сојузници и во НАТО и во Европската Унија за обид на опозицијата на одреден начин да направи дестабилизација и мислам дека тоа не наиде на одобрување од високи преставници на меѓународната заедница – нагласи премиерот. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ