МВР жестоко да одговори на дивеењето кое што се случило синоќа во неколку македонски градови на протестите на граѓаните по одземањето на возилата од страна на полицијата поради прекрушувањето на прописите. Ова денеска го побарал премиерот Христијан Мицкоски од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. По чествувањето на годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев во кругот на црквата „Свети Спас“ премиерот рече дека дивеењето нема да се толерира.
-Разговарав денеска утрoво со министерот за внатрешни работи и она кое што го побарав од него да биде за секој оној кој што го прекршил законот, се заканувал, јавно упатил закана и го загрозил мирот и безбедноста на граѓаните жестоко да се одговори. И ќе биде одговорено жестоко за да не се повтори тоа дивеење од вчера што се повтори – изјави премиерот Мицкоски. (Б.Ѓ.)












