Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот митинг во Струга порача дека една од картите на кои игра опозицијата, СДСМ и ДУИ е барањето на спас во корумпираното судство и обвинителство.
„Многу е јасно зошто се кријат за правосудниот систем. Тоа им е последното танго за спас на нивните кариери и шанса да одбегнат одговорност. Oд месечината се гледа дека последниот бастион на криминалот во државата остана судството и обвинителството кое ги штитат и СДСМ и ДУИ како бели мечки“, рече тој.
Нема ниту еден случај кој на институциите им е предочен, а истиот да завршил со обвинителен акт за било кој поранешен висок функционер. Затоа по изборите следат реформи кои ќе ја откријат и вистината и ќе ја донесат правдата во нашата држава. Таа пресметка нема да биде политичка, туку пресметка за докажување на правдата која народот на Македонија ја заслужува, рече Мицкоски.