Мицкоски очекува и во следниот период извозот да расте, а увозот да опаѓа

17

Првпат по подолго време во првите шест месеци од годинава извозот расте повеќе од увозот, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Тој очекува и натаму да се намалува трговскиот дефицит.

– По долго време, во првите шест месеци извозот расте повеќе во однос на увозот. Извозот беше 2,9% зголемен во првите шест месеци споредено со минатата година, а увозот 2,3 или 2,4% во истиот период. Првпат по долго време се случува да се намалува трговскиот дефицит со странство и тоа во услови кога автомобилската индустрија е во таква состојба каква што е, а нашата извозна компонента најмногу отпаѓа на автомобилската индустрија – рече Мицкоски.

 

ИЗДВОЕНИ