Нам би ни одговарале предвремени парламентарни избори со оглед на резултатот на локалните на кои ќе оствариме убедлива победа. Ова е, кога би гледале од партиски интерес, но ако го гледаме државниот интерес тоа не ни одговара, бидејќи ќе се закочат реформите, а тоа не е чесно кон граѓаните. Ние довербата од граѓаните ја добивме за четиридишен мандат и нема да ја изневериме. Да повторам, нема да одиме на предвремени парламентарни избори, рече премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите.
Нагласи дека Владата во четоригодишниот мандат планира да ги реализира ветените проекти, а предвремните парламентарни избори ќе значат само нивно одложување за најмалку шест месеци.
Коментирајќи ја засилената реторика пред изборите, посебно од ДУИ, Премиерот истакна дека таа партија и нема што да понуди.
– Владата е стабилна и кохерентна, а владината коалиција ќе победи на овие локални избори. ДУИ нема што да им понуди на изборите на граѓаните освен национализам, бидејќи ДУИ во измнинатите 22 години не може да посочи ниеден реализиран проект. Затоа е логично да играат на национализам зашто таму се навешти. Тие се ориентирани кон минатото, а ние кон иднината и кон реализацијата на ветените проекти – посочи Мицкоски, На прашањето дали очекува проблеми на претстојните локални избори со оглед на тоа што повторно се разгорува националисточката реторика дека нема сознанија дека има индиции за планирани инциденти.
Тој рече дека нивната кампања за локални избори нема да биде негативна, туку ќе се сконцентрираат на на нудење на реално изводливи проекти.












