Мерцедес покоси осуммина, полицијата го блокираше центарот на Штутгарт: Први снимки од местото на настанот/ФОТО/ВИДЕО

409

Нова вознемирувачка вест пристигнува од Штутгарт откако 42-годишен маж влета во толпата со теренец Г-класа Мерцедес.

Според првичните информации, најмалку осум лица се повредени, од кои тројца итно се префрлени во болница, а едно е во критична состојба.

Германскиот таблоид Билд објави дека зад воланот на џипот бил 42-годишен маж. Засега нема потврда дека се работи за терористички напад.

Полицијата сослушува сведоци на несреќата, додека противпожарната служба го опиша инцидентот како „сообраќајна несреќа“.

Во Германија последниве години имаше неколку слични терористички напади во кои беа убиени голем број луѓе.

ИЗДВОЕНИ