Германија ќе продолжи уште долго да зависи од Соединетите Американски Држави, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц, само неколку часа по враќањето од првата официјална посета на Вашингтон, каде што разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп.
„Без разлика дали ни се допаѓа или не, ќе бидеме зависни од САД долго време“, рече Мерк, пренесе Ројтерс.
Мерк, по посетата на Вашингтон, исто така изјави дека многу американски законодавци не ги гледаат размерите на руското вооружување.