петок, август 21, 2026
Дома СВЕТ Меланија Трамп по гласините за брачна криза се појави во јавноста: „Слушнав...

Меланија Трамп по гласините за брачна криза се појави во јавноста: „Слушнав дека ви недостигав? Еве ме“

0

По бројните шпекулации за нејзиното подолго отсуство, како и приказните дека бракот со Доналд Трамп е во криза поради неговата асистентка, Меланија Трамп се појави во јавноста.

Првата дама не беше видена во јавноста од финалето на Светското првенство на 19 јули. На своето прво јавно појавување по еден месец, таа и Трамп се држеа за раце додека одеа кон подиумот.

Трамп потоа седна во публиката, а првата дама го започна својот говор на интересен начин.

„Добар ден. Слушнав дека ви недостигав? Еве ме“, рече таа.

Во неделите по Светското првенство, Меланија пропушти неколку важни настани, меѓу кои и одложената вечера на дописниците на Белата куќа на 24 јули. Првата вечера на која присуствуваше во април беше прекината поради пукање.

Набргу по априлската вечера, ексклузивниот виш советник на Меланија, Марк Бекман, изјави за „People“ дека првата дама не била исплашена и дека нема да биде обесхрабрена, ниту пак ќе престане да ја извршува својата работа како прва дама на Соединетите Американски Држави.

На 29 јули, иранската новинска агенција „Tasnim“ објави анимирано видео со наслов „Каде да се убие Меланија“, во кое беа прикажани различни луксузни продавници на Менхетен за кои се тврдеше дека ги посетувала првата дама, како и упатства за тоа како тие локации би можеле да се искористат во обиди за атентат врз Меланија.

Во тоа време, портпаролот на Тајната служба, Нејт Херинг, изјави за „People“ дека Тајната служба е запознаена со видеото и дека ги истражува сите содржини што би можеле да се сфатат како закана.

„Од загриженост за оперативната безбедност, не разговараме за прашања поврзани со заштитните разузнавачки информации“, навеле од службата.

Освен тоа, се појавија и гласини дека Меланија не е задоволна од односот на Доналд Трамп со неговата соработничка Натали Харп и дека смета оти тие се премногу блиски. Американските медиуми ги искористија и овие тврдења како аргумент за нејзиното подолго отсуство од јавноста.

ИЗДВОЕНИ