Новиот ден носи нов скандал во кој е вклучена ирската ММА-ѕвезда, Конор Мекгрегор. За тоа се погрижи пејачката Азелија Бенкс, која објави експлицитни фотографии од него што тој ѝ ги испратил на социјалната мрежа „Икс“.
Ирецот беше фатен на плажа со непозната жена, на што неговата избраничка Ди Девлин повторно одлучи да замижи.
- Среќен роденден на личноста што секогаш ја прави Ди да се смее, рече мајката на четирите деца на Конор.
Голем е бројот на оние што тврдат дека таа, всушност, му простува само поради парите, бидејќи не сака да се откаже од луксузот во кој живее, па затоа не ѝ пречат фотографиите што често пристигнуваат на кои Мекгрегор е често во друштво на други жени. Сега, тој направи уште еден скандал. Конор ѝ испраќал голи фотографии на пејачката Азелија Бенкс во приватни пораки. Таа реши сè да го објави јавно.
Конор Мекгрегор, едноставно, нема граници. Тој е постојано вмешан во скандали, а неодамна имаше и судска постапка во која беше обвинет за силување.
Ирецот е далеку од враќање на ММА-сцената. Иако постојано го најавува тоа, малку е веројатно дека некогаш повторно ќе го видиме во кафезот.
Од голем шампион, стана човек зависен од алкохол, веројатно и од разни видови дроги, и го уништи она што го изгради како борец. Тој ја заврши својата кариера во светот на ММА со 22 победи и шест порази. Исто така е поранешен двократен шампион на УФЦ во перо и лесна категорија.
Неговиот последен натпревар беше пред четири години кога беше поразен од Дастин Појрие двапати по ред.