Државниот секретар на Ватикан, Пјетро Паролин, е фаворит за нов папа според британските обложувалници, објави денеска Анса.
Според предвидувањата на британските обложувалници, намалени се шансите за нов папа да биде избран шефот на италијанската бискупска конференција (ЦЕИ), Матео Чупи од Болоња, како и Петер Турксон од Гана, кој доколку биде избран, би бил првиот црн папа во историјата.
Сепак, обложувалниците во последните неколку часа ги зголемија шансите за нов папа да биде избран Французинот Жан Марк Авелин, кој беше штитеник на папата Франциск и има 33 години.
Во исто време, последната анкета покажа дека мнозинството Италијанци, повеќе од 74 отсто, сакаат новиот папа да го продолжи понтификатот на папата Франциск.
Анкетата покажа дека на мнозинството Италијанци, 60 отсто, не им е грижа од која националност ќе биде новиот папа, додека останатите претпочитаат Италијанец.
Учесниците во истражувањето сметаат и дека новиот папа треба да се залага за мир, борба против сиромаштијата и прекумерното вооружување.
Конклавата за избор на папа ќе започне во среда на 7 мај, а во изборот на новиот папа ќе учествуваат 133 кардинали.
Папата Франциск почина на 21 април на 89-годишна возраст поради мозочен удар и срцева слабост, пренесува Танјуг.