Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави денеска дека Западот практично води целосна војна против Русија, па затоа Москва треба целосно да одговори и, доколку е потребно, да започне превентивни напади, објави државната новинска агенција ТАСС.
„Мораме да дејствуваме соодветно. Да одговориме целосно. И, доколку е потребно, да започнеме превентивни напади“, изјави Медведев, цитиран од ТАСС.
Медведев, заменик-претседател на моќниот Совет за безбедност на Русија, ги отфрли како апсолутни бесмислици изјавите на западните претставници дека Русија би можела да ја нападне Европа.
„Да ве потсетам дека нашиот претседател недвосмислено изјави дека Русија нема намера да се бори против НАТО или да „напаѓа Европа“, рече Медведев.