вторник, јануари 20, 2026
Дома СВЕТ Медитерански остров окован во мраз/ВИДЕО

Медитерански остров окован во мраз/ВИДЕО

88
screenshot youtube

Силна градоносна бура ја погоди Малта, затрупувајќи ги улиците и автомобилите во мраз и предизвикувајќи хаос. Шокантните снимки го покажуваат моментот кога популарниот туристички остров беше погоден од силна бура со град која ги затрупа автомобилите и создава замрзнати порои.

Малта, медитеранска дестинација која обично се поврзува со ведро небо и прекрасни брегови беше погодена од силна бура за време на викендот. Драматичните снимки покажуваат реки од мали блокови мраз како течат по улиците, додека автомобилите се заробени под големи количини град.

Градските власти побрзаа да ги расчистат патиштата со багери отстранувајќи купишта мраз од патиштата.

„Држете се подалеку од брегот и крајбрежните патеки“, се вели во соопштението, во кое се предупредува на силни бранови и морска пена во близина на морето.

Уште во саботата, на возачите им беше советувано да бидат особено внимателни на заледените патишта и да избегнуваат непотребни патувања доколку е можно.

ИЗДВОЕНИ