Анестезиолошки техничар од Клиниката ТОАРИЛУЦ е уапсен под сомнение за убиство на 76-годишен маж во Охрид, откако жртвата била пронајдена без знаци на живот во својот дом.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека станува збор за 53-годишниот Ж.Г., кој ѝ бил познат на полицијата. Тој бил приведен истиот ден попладне, веднаш по пријавата за случајот.

Според информациите, осомничениот е лидер на организацијата „Христијанско братство“ и во минатото учествувал во протестите што кулминираа со упадот во Собранието на 27 април 2017 година, како и во демонстрациите против уставните измени во 2018 година. Во 2019 година, против него била поднесена кривична пријава за закани кон тогашниот премиер Зоран Заев.

Од Јавното обвинителство соопштуваат дека се преземаат активности за обезбедување докази и најавуваат повеќе информации во текот на денот.

ИЗДВОЕНИ