петок, февруари 6, 2026
Дома СВЕТ Мечка сериозно повреди младич во американскиот национален парк „Јелоустон“

Мечка сериозно повреди младич во американскиот национален парк „Јелоустон“

885
Младич на возраст од 29 години претрпел сериозни повреди кога бил нападнат од мечка во американскиот национален парк „Јелоустон“, пренесоа денеска локалните медиуми.

Ова е прв таков инцидент во паркот по повеќе од четири години, а во тек е истрага за околностите на нападот.

Нападнатиот млад човек се здобил со повреди на градите и левата рака, но не е во животнозагрозувачка состојба, соопштија властите, пренесува „Еј-би-си њуз“.

Тој се движел по патеката покрај езерото Турбид, кога сретнал мечка која ја испрскал со бибер спреј, наведе службата на националниот парк.

ИЗДВОЕНИ