недела, февруари 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Маж од Кочани приведен откако возел со 2,25 промили алкохол во крвта

Маж од Кочани приведен откако возел со 2,25 промили алкохол во крвта

44

Полицијата од ОВР Кочани го приведе 28-годишниот Д.Т. од село Спанчево, кочанско, кој возел со 2,25 промили алкохол во крвта. Тој веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

-При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пасат“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,25 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, се вели во соопштението од СВР Штип.

Во него се наведува дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297- а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило

ИЗДВОЕНИ