Маж од Челопек тргнал да ги малтретира родителите, го прободел сопственикот на куќата каде се криеле

Им се заканувал барајќи им пари

25

29 годишен маж од тетовско Челопек им се заканувал по живот на родителите дека барајќи им пари. Од страв дека ќе ги повреди родениот син, тие се засолниле кај во домот на вујкото, но насилникот ги пронашол.

-За кратко време осомничениот дошол и со нож на расклопување во раката се обидел насилно да влезе во куќата, во која имало и други членови на семејството, меѓу кои и две деца. Викал и агресивно се однесувал во дворот, се заканувал на сите присутни и пробал со сила да ја отвори вратата, поради што една од оштетените жени со децата на возраст од 6 и 1 година преку прозорец ја напуштиле куќата. Осомничениот успеал да ја скрши вратата и да влезе, а кога сопственикот на куќата се обидел да го смири, тој го прободел со ножот и му нанел телесна повреда, по што се дал во бегство, соопштуваат од тетовското обвинителство

Осомничениот ќе одговара кривично за насилството и загрозување на сигурноста кај луѓето. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност да го повтори насилничкото однесување.

ИЗДВОЕНИ