Русија ги нападна Киев и другите украински региони со ракети и беспилотни летала пред клучната средба меѓу Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп за преговори за договор за прекин на речиси четиригодишната војна. Русија испали неколку хиперсонични ракети „Кинжал“, балистички ракети „Искандер“ и крстосувачки ракети „Калибр“ кон украинскиот главен град.
„Eдинаесет лица загинаа, осум лица беа хоспитализирани во медицински установи во главниот град. На останатите им беше укажана помош на лице место или како амбулантски пациенти“, рече Кличко, пренесува Укринформ.
Пред нападите во текот на ноќта, Зеленски рече дека неговите разговори во Флорида, кои ќе се одржат утре, ќе се фокусираат на територијата што секоја страна ќе ја контролира по завршувањето на борбите што започнаа во февруари 2022 година со инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин врз нивниот помал сосед – најсмртоносниот европски конфликт од Втората светска војна.
Експлозии одекнуваа во Киев, украинските системи за воздушна одбрана беа активирани, а војската објави на апликацијата Телеграм дека се распоредуваат ракети. Воздухопловните сили соопштија дека руски беспилотни летала го таргетираат регионалниот главен град на североистокот и југот на земјата.












