Маск призна дека ДОГЕ не ги исполнил целите на американската влада за намалување на трошоците

80
EPA-EFE/SAMUEL CORUM / POOL

Американскиот мултимилијардер Илон Маск призна дека неговата кампања за намалување на федералните трошоци на САД, започната од Комисијата за владина ефикасност ДОГЕ (DOGE), не ги постигнала целосно своите првични цели откако се соочи со критики, вклучително и од администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

„Прашањето е колку администрацијата и Конгресот се подготвени да толерираат. Затоа што тоа може да се направи, но бара решавање на многу поплаки“, изјави Маск за американските медиуми.

Маск, кој Трамп го назначи на чело на DOGE во јануари, призна дека Комисијата досега ги намалила федералните трошоци за 160 милијарди долари, што е далеку под првичната цел од 2 трилиони долари.

Поголемите кратења ќе бараат кратење на големите државни расходи, како што се пензиите и здравствената заштита за старите лица и буџетот за одбрана.

Илон Маск се повлекува од ДОГЕ, го враќа фокусот на Тесла

За три месеци, DOGE елиминира илјадници работни места во федералните државни служби и ги намали субвенциите.

Маск, чиј јавен имиџ се влоши, предупреди дека сега повеќе ќе се фокусира на својата автомобилска компанија Тесла, која се наоѓа во проблеми.

Продажбата опадна, а салоните на Тесла беа вандализирани и цел на протести во САД и на други места.

Искуството со DOGE „не беше многу забавно“, призна мултимилијардерот.

Комисијата првично требаше да трае до 4 јули 2026 година, но Маск рече дека напорите за постигнување на целта може да продолжат во текот на целиот четиригодишен мандат на Трамп.

Тесла во тешка криза: Продажбата паѓа, профитот тоне

ИЗДВОЕНИ