Маск купи 2,5 милиони акции на „Тесла“

36
Фото: EPA/JIM LO SCALZO
Милијардерот Илон Маск купи акции на „Тесла“ во вредност од околу милијарда долари, а по објавувањето на информацијата, акциите на компанијата, кој годинава имаа проблеми со растот, рипнаа денеска на берзата за повеќе од шест отсто.

Маск веќе имаше удел од речиси 13 отсто во компанијата, но долго бараше поголема контрола над фирмата, која ја поттикнува да инвестира во роботакси, автоматизација и вештачка интелигенција, пренесува „Би-би-си“.

Управниот одбор на компанијата неодамна предложи план за компензација вреден околу 1.000 милијарди долари, кој на Маск би му доделил 12 отсто од акциите на фирмата, под услов „Тесла“ под негово водство да достигне одредени цели во продажбата и приходот.

Управниот одбор, исто така, соопшти дека на Маск ќе му додели акции во вредност од 29 милијарди долари како посебна „привремена“ награда,откако беше договорен поголем пакет на исплати договорен во 2018 година поништен во судски спор.

Предлозите следат по разговорите со Маск, во кои тој бараше 25 отсто удел во фирмата, понекогаш заканувајќи се дека ќе ја напушти „Тесла“ ако тоа му биде одбиено.

Купувањето околу 2,5 милиони акцииод страна на Маск беше завршено во петокот и беше потврдено и објавено од регулаторите денес.

Ова е неговото прво купување акции на отворен пазар од 2020 година и знак за неговата инвестиција во компанијата, која годинава беше во дефанзива.

Маск се обиде да ги убеди акционерите да инвестираат во роботакси и автоматизација, но компанијата се бори со намалување на продажбата бидејќи конкуренцијата се интензивира, а САД ги укинуваат даночните олеснувања за купување електрични автомобили.

Брендот, исто така, претрпе удар низ целиот свет бидејќи Маск го продлабочи својот политички ангажман, помагајќи му на Доналд Трамп да победи на изборите.

ИЗДВОЕНИ