Маск ги урива сите рекорди, а може и повеќе: Прв во историјата што „тежи“ 600 милијарди долари

41

Според пресметките на списанието „Форбс“, објавени во понеделник, Илон Маск стана првата личност во светот чија проценета нето вредност надмина 600 милијарди долари.

Форбс вели дека зголемувањето на нето вредноста на Маск е директно поврзано со трансакциите во рамките на SpaceX. Врз основа на цените по кои се извршени овие продажби, списанието ја ревидираше вкупната проценета вредност на компанијата нагоре, што автоматски ја зголеми вредноста на уделот на Маск.

Само неколку часа претходно, „Форбс“ ја процени нето вредноста на Маск на околу 500 милијарди долари, пренесе ДПА.

Богатството на Маск е првенствено поврзано со неговите удели во производителот на електрични автомобили „Тесла“ и „Спејс-Икс“.

За разлика од „Тесла“, „Спејс-Икс“ е во приватна сопственост, што значи дека неговата вредност не е одредена од јавната цена на акциите. Во таков случај, проценките се зановаат на рунди на финансирање или продажба на акции од страна на вработените и може значително да се разликуваат од евентуалната пазарна вредност. Врз основа на цената по којашто вработените можеа да ги продадат своите акции, „Форбс“ пресмета вкупна вредност на „Спејс-Икс“ од 800 милијарди долари, што е зголемување од претходната проценка од 400 милијарди долари.

Со оглед на тоа што Маск поседува околу 40 отсто од „Спејс-Икс“, ревидираната проценка на „Форбс“ ја зголеми неговата проценета нето вредност на 677 милијарди долари.

ИЗДВОЕНИ