Масакр на познатата плажа во Сиднеј: Најмалку 10 мртви, убиен и еден од напаѓачите/ВИДЕО

397

Масовно пукање се случи на плажата Бонди во Сиднеј. Вкупно 25 служби за итни случаи, вклучувајќи хеликоптери и тимови за интензивна нега, се на местото на настанот, јавуваат австралиските медиуми. Полицијата на Нов Јужен Велс потврди дека десет лица се убиени по пукањето на плажата Бонди во Сиднеј. Од тој број, девет биле жртви на напаѓачот, а десеттиот бил еден од двајцата напаѓачи кои биле убиени од полицијата.

Според најновите информации објавени од австралиската 9News, најмалку 16 лица биле однесени во болници по пукањето.Меѓу повредените се и двајца полицајци.

Австралиската полиција уапси две лица во врска со пукањето на плажата Бонди во Сиднеј утрово и ги повикува граѓаните да ја избегнуваат таа област, јавува Би-Би-Си.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе во писмена изјава изјави дека сцените во Бонди се „шокантни и вознемирувачки“.

„Полицијата и службите за итни случаи се на местото на настанот и работат на спасување животи. Моите мисли се со секое засегнато лице“, рече Албанезе.

Полицијата, исто така, соопшти дека во овој момент не е познато дали инцидентот е поврзан со прославата на Ханука што се одржуваше на плажата, објави Би-Би-Си.

ИЗДВОЕНИ