
Челниците на Манчестер Јунајтед не успеаја да исполнат сè што тренерот шефот на стручниот штаб, Рубен Аморим, побара од нив за време на последниот ден од летниот преоден рок.
Сепак, „црвените ѓаволи“ веќе ја „таргетираа“ главната трансфер цел за зимскиот преоден рок откако не ангажираа ниту едено звучно име во финишот од преодниот рок ова лето.
Низ Премиер лигата, клубовите беа многу активни во текот на целото лето, при што Ливерпул, Арсенал и Манчестер Сити, како и Манчестер Јунајтед, ги завршија трансферите до крајниот рок.
Во последните 24 часа Ливерпул го ангажираше Александар Исак, Арсенал го донесе дефанзивецот на Баер од Леверкузен, Пјеро Хинкапи, додека Манчестер Сити го купи Џанлуиџи Донарума.
Од друга страна, Манчестер Јунајтед заврши само една работа, во форма на доведување на голманот Сене Ламенс.
Јунајтед, или поточно Аморим, сакаше уште едно засилување, но не успеа да го доведе, но ќе пробаат да го ангажираат веднаш на почетокот на јануари.
Трансфер пазарот ќе биде затворен во следните четири месеци, до 1 јануари 2026 година, и ќе биде отворен до 2 февруари следната година.
Според Крис Вилер од „Дејли меил“, Манчестер Јунајтед сака да го доведе играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Конор Галагер, во јануари.
Се верува дека средниот ред ќе биде приоритет за Манчестер Јунајтед во јануарскиот преоден рок, а цел број еден е Галагер. Повремениот репрезентативец на Англија одигра 136 натпревари во Премиер лигата, па затоа не е изненадувачки што челниците на Манчестер Јунајтед се заинтересирани за него.
Конор се појави во сите три натпревари што Атлетико (М) ги одигра на отворањето на новата сезона во Ла Лига.
Очигледно, Манчестер Јунајтед нема да биде единствениот клуб од Премиер лигата што ќе се обиде да го потпише, бидејќи тој е на врвот на листата со желби на Евертон и Кристал Палас.