Францускиот претседател Емануел Макрон ја пофали „предвидливоста“ на Европа за време на посетата на Јапонија, во очигледна критика кон американскиот претседател Доналд Трамп, објави АФП.
„Свесен сум дека Европа понекогаш може да се смета за континент кој е побавен од другите“, им рече Макрон на јапонските бизнисмени и инвеститори во Токио.
„Но, предвидливоста има своја вредност и ние го покажавме ова сите овие години, и би се осмелил да кажам во последните недели: ние сме таму каде што знаете дека ќе бидеме“, додаде тој.
Макрон ги критикуваше земјите кои тврдат дека дејствуваат побрзо од своите сојузници, но не се од доверба
„Не знаете дали ќе бидат во таа позиција задутре и дали утре ќе донесат одлука што би можела да ви наштети без дури и да ве информираат“, рече тој.
АФП наведе дека ова е очигледна референца на војната меѓу САД и Израел против Иран, што доведе до практично затворање на Хормускиот Проток, клучен пат за увоз на енергија од Јапонија.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ја критикуваше Франција, велејќи на социјалните мрежи дека Париз бил „многу бескорисен“ за време на војната со Иран.












