петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Макрон и Ердоган ги повикаа сите страни да го почитуваат прекинот на...

Макрон и Ердоган ги повикаа сите страни да го почитуваат прекинот на огнот на Блискиот Исток

44

Францускиот претседател Емануел Макрон и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ги повикаа сите страни да го почитуваат прекинот на огнот на Блискиот Исток, како и Либан да биде вклучен во прекинот на огнот.

Макрон напиша на платформата „Икс“ дека тој, заедно со Ердоган, ги повикал сите страни да ја почитуваат слободата на пловидба во Ормутскиот теснец, како и да постигнат трајно дипломатско решение за Блискиот Исток.

Тој нагласи дека со Ердоган разговарале и за ситуацијата во Украина, како и за заедничките напори во рамките на „коалицијата на оние што се волни“ за воспоставување праведен и траен мир.

„Нагласив дека мирот мора да биде апсолутно во согласност со принципите на Повелбата на Обединетите нации, како и да се базира на силни безбедносни гаранции за Украина“, нагласи Макрон.

Тој изјави дека со Ердоган разговарал и за развојот на соработката меѓу Франција и Турција, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ