Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес се огласи на социјалната мрежа Truth Social.
– Огромен број целосно празни танкери за нафта, некои од најголемите насекаде во светот, се упатуваат, токму сега, кон Соединетите Држави за да се натоварат со најдобрата и „најслатката“ нафта (и гас!) насекаде во светот. Имаме повеќе нафта од следните две најголеми нафтени економии заедно – и тоа со повисок квалитет. Ве очекуваме. Брз пресврт! „Претседател ДТ“, напиша Трамп.
Изјавата доаѓа во време кога цените на нафтата осцилираат поради американско-израелскиот спор со Иран.
Цената на референтната сурова нафта Брент скокна на повеќе од 111 долари за барел претходно оваа недела, пред да падне за 15% на нешто под 92 долари откако САД и Иран постигнаа двонеделен договор за прекин на огнот, кој вклучува повторно отворање на Ормускиот теснец.












