понеделник, јули 13, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Д-р Никола Бакрачески, со две највисоки титули, влезе во светската кардиолошка елита

Д-р Никола Бакрачески, со две највисоки титули, влезе во светската кардиолошка елита

Д-р Бакрачески меѓу светската елита на кардиоваскуларни професионалци

1730
Историски успех во САД и Европа на еминентниот македонски кардиолог 

На свечена церемонија, на маргините на најголемиот и најзначаен годишен собир на кардиолози од целиот свет, а во организација на најмоќната заедница на кардиолози на американскиот континент – American College of Cardiology, денес во Њу Орлеанс, САД, на еминентниот македонски кардиолог Никола Бакрачески од Охрид му беше официјално врачена титулата соработник на Американскиот колеџ за кардиологија или скратено FACC ( Fellow American College of Cardiology) – престижна група на еминентни кардиоваскуларни професионалци, признати и почитувани од глобалната кардиолошка заедница во светот.

Претходно, во јануари 2025, д-р Бакрачески беше избран за соработник на Европското здружение по кардиологија FESC (Fellow of the Europian Society of Cardiology) – и со тоа ѝ се придружи на посебната статусна група која помага да се дефинираат идните насоки на кардиологијата во Европа.

Со овие две статусни титули, д-р Бакрачески стана еден од ретките кардиолози на овие простори кој се здобил со овие две признанија истовремено. Истите преставуваат најпосакувани и најзначајни достигнувања во професионалната кариера на секој кардиолог ширум светот, и ги вбројуваат во заедницата на кардиоваскуларни професионалци рангирани како најдобри во областа.

„Чест и гордост е да се биде соработник на престижниот Американски колеџ за кардиологија. Ова е потсетник дека посветеноста, учењето и напредокот имаат мерлива вредност и истите никогаш не престануваат”, изјави Бакрачески за весникот ВЕЧЕР.

Овој успех претставува значајно признание не само за д-р Бакрачески, туку и за македонската медицина во целина, потврдувајќи дека домашните здравствени професионалци рамноправно чекорат со светските медицински трендови.

ИЗДВОЕНИ