Македонскиот павилјон на Венециското биенале на архитектурата 2025 е вброен меѓу 10-те највпечатливи павилјони од вкупно 66 земји учеснички, според реномираниот портал Artribune!
На Арсенале, Македонија се претстави со проектот Strada Brutalissima под кураторство на доц. д-р Благоја Бајковски. Проектот отвора важен дијалог за архитектонското наследство, солидарноста и визијата за хумано општество.
„Овој павилјон не е само приказна за бетон и форми – тој е патување низ времето, меморијата и колективната надеж. Горди сме на нашите автори и сите вклучени во реализацијата на овој значаен проект кој достојно ја претставува Македонија на светската културна мапа“, велат од Министерството за култура.