Повремениот македонски репрезентативец, Американецот Итан Хап, повеќе не е играч на Валенсија, објави шпанскиот клуб. Натурализираниот македонски репрезентативец се мачеше со повреда на стапалото со која се здоби минатата сезона.

Инаку, тој пристигна во Валенсија во летото 2024 година, но одигра само 10 натпревари за „лилјаците“ на сите натпреварувања. Репрезентативецот на Македонија имаше договор со Валенсија до летото следната година, но Шпанците одлучија да не чекаат со неговото закрепнување, кое сè уште е во тек.

Хап има 29 години, а пред Валенсија играше за Гран Канарија.

ИЗДВОЕНИ