Кошаркарскиот репрезентативец на Македонија, Андреј Шошкиќ, доби големо признание, како резултат на неговите добри игри во НЦАА.
Тој е прогласен за дебитант на неделата во „Coastal Athletic Association“ конференцијата во која припаѓа неговиот Универзитет Стони Брук. Интересно е тоа што за наградата му беа доволно само два меча кои ги одиграа Сивулфс минатата недела, а на кои Шошкиќ постигна вкупно 31 поен (15,5 во просек), девет скока и осум асистенции. Во сите три статистички категории, тоа е далеку над својот просек оваа сезона.
Плејмејкерот го помина периодот на адаптација и игра добро од почетокот на 2026 година. Пред нешто повеќе од две недели го оствари својот рекорд во НЦАА, со 27 поени, а минутажата му е голема и покрај тоа што не е постојано во стартната петорка. Стони Брук се наоѓа на седмата позиција во својата конференција со биланс 11/9, но не е далеку ни второпласираниот тим кој има само две победи повеќе.
Freshmen Phenom ⭐️
Following his best week yet as a Seawolf, Andrej Shoshkikj takes home his first ever CAA Rookie of the Week award!
🌊🐺 x #CAAHoops pic.twitter.com/SDKQwZK776
— Stony Brook Men’s Basketball (@StonyBrookMBB) January 19, 2026












