Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците во групата на Европското првенство во 2026 година, што ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска. Избраниците на селекторот Кирил ЛАзаров ќе играат во Групата Б со Данска, Португалија и Романија.

ГРУПИ НА ЕП 2026: Група А (Хернинг, Данска): Германија, Шпанија, Австрија, Србија, Група Б (Хернинг, Данска): Данска, Португалија, Македонија, Романија, Група Ц (Осло, Норвешка): Франција, Норвешка, Чешка, Украина, Група Д (Осло, Норвешка): Словенија, Ф. Острови, Црна Гора, Швајцарија, Група Е (Малме, Шведска): Шведска, Хрватска, Холандија, Грузија, Група Ф (Кристијансанд, Шведска): Унгарија, Исланд, Полска, Италија

Првата фаза ќе се игра во четири градови, додека втората фаза каде патуваат најдобрите две во секоја група, ќе се одржи во Хернинг и Малме. Завршните натпревари се играат исто така во дански Хернинг.

Европското првенство ќе се игра од 15 јануари до 1 февруари. Бранител на тронот е Франција која во последното финале ја совлада Данска, а третопласирана беше Шведска.

ИЗДВОЕНИ