На фреквенцијата на телевизија Сител, забава за милиони гледачи! Во текот на изминатите години, шоуто исфрли на ѕвезденото небо многу пејачки имиња и од Македонија. Нашите најчесто победуваа или беа втори, трети, а некои беа и меѓу првите Топ-10. Да се потсетиме само на неколкумина македонски ѕвезди бидејќи списокот е предолг: Александар Јосифовски (успеа да биде гостин на концертите на Лепа Брена во Америка),Ристе Ристески, Андријана Петрушовска, Исак Реџиќ, Марија Грујовска, Мартинијан Кириловски, Славица Ангелова, Мите Стоилков, Мики Секуловски,Филип Божиновски, Марио Арангеловски, Стефан Величковски, Адам Лабунски… и секако, скопјанецот Никола Станишиќ, кој убедливо победи во оваа 2025 година
(Дуле Миќиќ/фото: архива)
Некаде по 21.00 часот, оваа сабота на 20 септември стартува долгоочекуваната нова сезона на најпопуларното музичко ТВ-шоу на Балканот, „Ѕвездите на Гранд“, на телевизија Сител. Во текот на изминатите години, шоуто исфрли на ѕвезденото небо многу популарни пејачки имиња, а меѓу нив и голем број од Македонија. Нашите најчесто победуваа или беа втори, трети, а некои беа и меѓу првите Топ-10. Да се потсетиме само на неколкумина македонски пејачи кои потоа станаа ѕвезди, со одлични настапи и предобра заработувачка: Александар Јосифовски (успеа да биде дури и гостин на концертите на Лепа Брена во Америка), Ристе Ристески, Андријана Петрушовска, Исак Реџиќ, Марија Грујовска, Мартинијан Кириловски, Славица Ангелова, Мите Стоилков, Мики Секуловски, Филип Божиновски, Стефан Величковски, Адам Лабунски, Марио Арангеловски…. и, секако, скопјанецот Никола Станишиќ, кој убедливо победи во изминатата сезона, во оваа 2025 година.
А, Никола победи со огромна поддршка од публиката од Вардар до Триглав со неверојатните 138.714 гласа.Никола, со својот вокал, харизма, комуникативност со новинарите, непрепотентност и со своите автентични интерпретации на македонски јазик со македонски фолклор и поп-музика, ги освои срцата и на членовите на жирито, а особено на неговата менторка, балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ
Во знак на победата, Никола приреди вистинско шоу. Сите на сцената беа облечени во македонски народни носии, засилени со зурли и тапани, со што публиката ја доведоа до точка на вриење. Кулминацијата беше кога Станишиќ се качи на тапаните и ја испеа фолк песната „Ќе ти дојдам вечер“, како и песната „Ако утре ме нема“ од дуото ДНК, а која ја посвети на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Публиката и жирито беа во солзи.
Иако сите очекуваа дека „Ѕвездите на Гранд“, по смртта на Саша Поповиќ, идејниот творец на шоуто, ќе згаснат, тоа не се случи. Напротив! Постојат повеќе причини поради кои и оваа есен/зима секоја сабота ќе ги чекаме емисиите со нетрпение, навивајќи, секако, за претставниците од Македонија. На таа гламурозна сцена во студиото на „Кошутњак“ во Белград, се натпреваруваат најталентираните пејачи-аматери. Пеат најразновидни песни, брзи или бавни, од веќе популарни фолк и поп-рок пејачи, а тоа пеење го оценуваат членовите на жири-комисијата како музички ментори на натпреварувачите. Нема дилема дека саботната вечер е резервирана за добра 4-часовна забава во сопствениот дом и од сопствениот тросед. Или сами или со семејството, а може и со комшиите, со по некоја пијачка. Како нови официјални членови на жирито се означени и пејачите Дара Бубамара и Драган Којиќ Кеба. Сексапилната Дара Бубамара ќе ја има обврската со својата харизма најмногу да ги забавува ТВ-гледачите, а тоа е милионски аудиториум. Контровезната Јелена Карлеуша отпадна, а и незамисливо е да биде во истото шоу со својата ривалка Цеца Ражнатовиќ со која не се поднесува.Водителите Милан Митровиќ и Ана Севиќ (која дојде на местото на Сања Кужет) важат и за едни од највкусно облечени ТВ-лица. Нивниот моден стил станува хит-тема на комшиските разговори. Со професионалноста и со леснотијата со кои ја водат емисијата, дополнително ја освојуваат публиката. Во „Ѕвездите на Гранд“ има и многу хумор. Честопати членовите на жирито во шминкерница и во соблекувална се договараат дека ќе се расправаат, ќе се навредуваат, ќе се омаловажуваат, ќе се зафркаваат, и сето тоа поради ТВ-публиката, чие внимание мора да се задржи од почеток до крај. Така што, со гледањето на шоуто, луѓето имаат можност, и покрај своите проблеми, мошне добро да се насмеат или да запеат со натпреварувачите. Да им се радуваат на нивните први чекори кон големите балкански пејачки кариери.
Ете затоа, доколку сè уште не сте дел од гледачите пред малите екрани, треба да сте. Нема да ве чини пари, а саботната вечер нема да ја потрошите залудно. И, сè така до средината на јуни наредната година, кога завршува уште една успешна сезона. Новите музички ѕвезди, секако и од Македонија, од 20.09. тргнуваат на долго сонуваниот ѕвездено-естраден пат.