сабота, октомври 17, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Македонија се разбуди во зимски студ: Температурите паднаа до -4 степени среде...

Македонија се разбуди во зимски студ: Температурите паднаа до -4 степени среде октомври

0

Денешното саботно утро во Македонија (17 октомври) повеќе наликуваше како да сме во зимскиот период од годината, а не во есен. Тоа значи дека утрово во Македонија имаме особено ладно и ведро време со појава на умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец.

Температурите ова утро во Македонија беа под просекот за овој период од годината, и тоа поради влијанието на ладната воздушна маса која од север се спушти во Македонија и ни донесе зимски температури.

Најладно утрово до 8 часот беше во Берово со измерени -4 степени. На табелата која утрово ја објави УХМР можете да ги видите измерените денешни минимални температури на воздухот по градови и места во Македонија до 8 часот утрово, и тоа на мерните станици на УХМР.

ИЗДВОЕНИ