Македонската ракометна репрезентација одигра одличен натпревар во Талин, во петтото коло од квалификациите за Европското првенство во 2026 година, во кој постави и рекорд со победа над Естонија со 17:36. Ова е наша најголема гостинска победа во историјата, по онаа против Кипар во квалификациите за СП 2007 година, кога славевме со 33:20.

Со ваква победа „црвено –жолтите“ и испратија порака на Литванија дека во Скопје ги очекува пекол. Литванија и Македонија во последното коло ќе играат за освoјување на второто место во групата кое води директно на континенталниот собир во Норвешка, Дансак и Шведска

Кузмановски беше најефикасен со шест гола, пет постигна Серафимов, а четири Лазаревски. Одлични беа и голманите, Митревски кој бранеше во првиот дел собра седум одбрани, додека Томовски во вториот дел одбрани 13 удари.

Македонија ќе игра против Литванија на домашен терен в недела од 18:00 часот.

ИЗДВОЕНИ