вторник, јануари 20, 2026
Дома МАГАЗИН Мајкл Даглас и Кетрин Зета-Џонс објавија ретка семејна фотографија: Праќаат поздрав од...

Мајкл Даглас и Кетрин Зета-Џонс објавија ретка семејна фотографија: Праќаат поздрав од Антарктикот

43
Instagram michaelkirkdouglas

Холивудскиот пар Мајкл Даглас и Кетрин Зета-Џонс ја започнаа новата година со незаборавно семејно патување – до најјужниот врв на планетата.

Актерот сподели ретка фотографија на Инстаграм од нивниот одмор на Антарктикот, каде што позира со сопругата и нивните две деца, Дилан и Карис.

„Поздрави од Антарктикот“, напиша Даглас покрај семејната фотографија направена на брод, која брзо го привлече вниманието на обожавателите ширум светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michael Douglas (@michaelkirkdouglas)

Мајкл Даглас (81) и Кетрин Зета-Џонс (56), кои прославија 25 години брак во ноември, ги поведоа на патувањето нивниот син Дилан (25) и ќерката Карис (22).

Даглас, го има и синот Камерон (47) од неговиот прв брак со Диандра Лукер.

Семејниот одмор на Антарктикот уште еднаш покажа како Мајкл Даглас и Кетрин Зета-Џонс, и покрај децениите слава, сè уште се силно посветени на семејството.

ИЗДВОЕНИ