вторник, септември 1, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Мајката на Ристов уплатила 400.000 евра за четири стана, сведочеше инвеститор

Мајката на Ристов уплатила 400.000 евра за четири стана, сведочеше инвеститор

0

Круме Апостолов, инвеститор во недвижности, сведочеше пред Судот дека Донка Ристова, мајката на обвинетиот апелациски судија Ѓоко Ристов, во јануари 2025 година уплатила околу 400.000 евра за четири стана со вкупна површина од 250 квадратни метри. Според Апостолов, изградбата доцнела поради документацијата, а Ристова подоцна побарала да ѝ биде вратен дел од уплатените пари. Тој рече дека веќе ги инвестирал средствата и не ѝ вратил ништо.

Во вкрстеното испрашување, сведокот потврди дека никогаш не разговарал со Ѓоко Ристов за становите и дека немал судски процес кај него.

За Обвинителството, ова сведоштво е важно бидејќи го доведува во прашање тврдењето на одбраната дека 350.000 евра пронајдени заѕидани во куќата во Неготино биле пари на родителите на Ристов. Одбраната, пак, останува на ставот дека и парите пронајдени во ѕидот и средствата уплатени за становите се сопственост на родителите на судијата.

Ристов е обвинет за противправно стекнување и прикривање имот и за перење пари и други приноси од казниво дело. Во куќата во Неготино беа пронајдени 350.000 евра во 13 пакувања, со вкупно 835 банкноти од 500 и од 200 евра.

 

ИЗДВОЕНИ