сабота, октомври 17, 2026
Дома СВЕТ Маѓар: Зеленски побара транзит на украинско жито низ соседните земји

Маѓар: Зеленски побара транзит на украинско жито низ соседните земји

0
EPA/OLIVIER MATTHYS

Унгарскиот премиер Петер Маѓар денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски побарал од соседните земји – Полска, Романија, Словачка и Унгарија – да овозможат транзит на украинско жито, поради блокадата на Црното Море.

Маѓар, кој вчера, за време на билатералната средба со Зеленски, се согласи на обновување на односите меѓу Украина и Унгарија, рече дека нема ништо против оваа мерка, под услов пратките со украинско жито само да минуваат низ Унгарија, пренесува RTL.hu.

Поради руските напади врз нејзините пристаништа на Црното Море, Украина се соочува со тешкотии при извозот на жито по морски пат; следствено на тоа, таа пренасочува дел од своите земјоделски производи преку копнени патишта низ соседните земји.

ИЗДВОЕНИ