Поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро, кој моментално е во американски затвор, објави фотографија од себе од затвор на „Икс“ и им се обрати на своите внуци и деца, објавува „Независне новине“.
„Мал подарок на љубов и надеж. Ја испраќам оваа фотографија како мал подарок до сите мои внуци, момчиња и девојчиња и сите благородни луѓе кои нè сакаат. Сакам да знаете дека сме силни, со срца полни со вашата љубов“, се вели во пораката што ја придружува фотографијата.
На фотографијата, Мадуро носи сива тренерка додека стои до ѕид и се смее.
Pequeño regalo de amor y esperanza
Envío estas fotos como un pequeño regalo a todos mis nietos y nietas, a los niños y niñas, y a toda la gente noble que nos ama. pic.twitter.com/Z6u3130arn
— Nicolás Maduro (@NicolasMaduro) August 30, 2026
На 3 јануари, САД нападнаа цивилни и воени објекти во Каракас, а американскиот претседател Доналд Трамп во тоа време објави дека американските специјални сили ги заробиле Мадуро и неговата сопруга.
Два дена подоцна, двојката се појави пред американскиот Федерален суд во Њујорк, каде што се соочуваат со обвиненија за наводна вмешаност во трговија со дрога.












