Водачот на мексиканскиот картел Хелиско, Немесио Осегера Сервантес „Ел Менчо“, беше погребан во златен ковчег, со големи цветни венци, на гробиштата во Гвадалахара, а присуствуваа голем број припадници на војската.
Според извештаите, погребната поворка ја придружувале музичари и неколку десетици луѓе, од кои многумина носеле црни чадори иако бил сончев ден, објавува ABC News.
Канцеларијата на државниот обвинител претходно одби да ја потврди локацијата на погребот на Ел Менчо од „безбедносни причини“, а од недела, безбедносните мерки околу погребалниот дом наводно се засилени.
Ел Менчо беше убиен од мексиканската армија пред нешто повеќе од една недела за време на обидот да го уапси, а неговото убиство предизвика насилство во околу 20 држави во кои загинаа повеќе од 70 лица.
Мексиканската влада соопшти дека безбедносните операции против други високи членови на картелот продолжуваат.
Според извештаите, во Мексико е вообичаено мистериозна атмосфера да ги опкружува погребите на нарко-босовите, а во рок од неколку часа по смртта на Ел Менчо, веќе биле напишани балади за неговото убиство, познати како наркокоридос.
Во соседната мексиканска држава Синалоа, дом на картелот со исто име, има гробишта познати по своите луксузни крипти и мавзолеи за поранешни полициски началници како што е Игнасио Коронел, стар соработник на Ел Менчо, како и нарко-бос познат по тоа што бил убиен двапати – во 2010 и 2014 година – Назарио Морено, водачот на насилниот и псевдо-религиозен картел „Витези Темплари“.
Се додава и дека понекогаш телата на убиените нарко-босови исчезнуваат, како Хериберт Лазкан, водачот на Зетас, чие тело било украдено во 2012 година, или тие ги губат животите под бизарни околности, како Амадо Карило Фуентес, „Господарот на небото“, кој починал за време на лошо извршена пластична операција, пренесува Танјуг.












