Собранието склучило договор со „Лукоил Македонија“ за набавка на гориво за патничките возила и за двата дизел-агрегати. Станува збор за двегодишен договор вреден 2,3 милиони денари.
Единечните цени за горивата не се прецизирани, односно ќе важи цената што ќе ја носи Регулаторната комисија за енергетика на неделно ниво, со попуст од 2,1 денар, односно 2,48 денари за литар.












