понеделник, јануари 19, 2026
Дома СВЕТ Лоши вести од терен: Шпанските истражители ја пронајдоа клучната причина за железничката...

Лоши вести од терен: Шпанските истражители ја пронајдоа клучната причина за железничката несреќа – бројот на жртви расте/видео

1462
Фото:принтскрин, видео Х

Истражителите на местото на несреќата пронајдоа оштетен спој на шината за кој се верува дека е клучната причина за излетувањето на возот од шините, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на извор запознаен со првичните наоди од истрагата.

Според агенцијата, експертите кои ги истражуваат причините за несреќата од синоќа откриле скршен спој на шината.

Техничарите пронајдоа абење на спојот помеѓу деловите од шината, познат како рибја плоча, и рекоа дека ова укажува дека дефектот постоел веќе некое време.

Претседателот на шпанската државна железничка компанија „Ренфе“, Алваро Фернандез Хередија, претходно изјави дека „човечката грешка е практично исклучена“ како причина за несреќата.

Како што претходно беше објавено, засегнатиот дел од пругата беше целосно обновен дури во мај минатата година, но проблемите продолжија да се појавуваат на него.

Бројот на жртви од излетувањето на воз од шините се искачи на 40, објавија локалните служби за итни случаи.

ИЗДВОЕНИ