Прскање против комарци

47

Град Скопје информира дека утре и в недела, во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, а на 30 јуни, дезинсекција од земја.

Дезинсекцијата од земја ќе се реализира до 3 јули, во периодот од 22 до 03 часот.

-Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин – соопштија од Град Скопје. 

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

 

 

ИЗДВОЕНИ