недела, јули 12, 2026
Дома СВЕТ Лидерката на крајната десница Марин Ле Пен сè уште има најголеми шанси...

Лидерката на крајната десница Марин Ле Пен сè уште има најголеми шанси да победи на француските претседателски избори

56
Фото:EPA-EFE/VICTOR LERENA

Лидерката на француската крајна десница Марин Ле Пен, и покрај потврдата на судската пресуда, продолжува да доминира на анкетите за претседателските избори закажани за пролетта 2027 година.

И покрај тоа што е осудена за злоупотреба на јавни средства, Марин Ле Пен останува далеку пред другите кандидати за да се пласира во вториот круг од претседателските избори закажани за пролетта 2027 година, според резултатите од анкетата на институтот Елабе, спроведена од француските медиуми BMFTV и La Tribune Dimache.

Според нив, Марин Ле Пен би освоила помеѓу 34 и 35,5 проценти од гласовите.

Според анкетата, таа би го победила кандидатот на радикалната левица, Жан-Лук Меланшон, во вториот круг со резултат од 67,5 проценти за Ле Пен и 32,5 проценти за Меланшон.

Таа би го победила и поранешниот премиер и лидер на централнодесничарската партија Хоризонти, Едуар Филип, но со помала разлика. Анкетата покажа дека Марин Ле Пен би освоила 52 проценти од гласовите, а Филип 48 проценти, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ