Ревијален ракометен спектакл на теренот во „СЦ Јане Сандански“ под мотото „Легендите на сцена“ /ФОТОГАЛЕРИЈА

168

Под мотото „Легендите на сцена“, денеска (од 19 часот), во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје,  се одржа ревијален ракометен спектакл во организација на Спортско радио 90,3 ФМ, кое годинава слави 20 години од своето постоење. Јубилејот беше  одбележан со ревијален ракометен натпревар на македонските легенди против европските, со многу поранешни познати македонски и странски играчи, но и тренерски ѕвезди, кои играле и воделе клубови еден период во Македонија.

Љубителите на ракометот одново имаа можност на теренот да ги видат македонски ракометни легенди, Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов, Петар Ангелов, Ванчо Димовски, Бранко Ангеловски, Гоце Георгиевски, Владо Недановски, Велко Маркоски, Лазе Мајнов, Горан Кузманоски, Горан Ѓоргоноски, Пепи Манасков, Звонко Шундовски, Раде Стојановиќ, Аце Станковски, Александар Царчев, Иван Марковски…

Меѓу интернационалните ракометни легенди што настапија во Скопје се Арпад Штербик, Игор Карачиќ, Данил Шишкарев, Вуко Борозан, Ренато Вугринец, Жоан Канељас, Иван Чупиќ, Илија Абутовиќ и други познати ракометни имиња.

Фото: П.Стојановски

 

ИЗДВОЕНИ