понеделник, јануари 19, 2026
Дома МАГАЗИН Легендата на италијанската мода, Валентино Гаравани, замина во легендите на 93-годишна возраст

Легендата на италијанската мода, Валентино Гаравани, замина во легендите на 93-годишна возраст

25
Фото:википедија

Италијанскиот моден дизајнер Валентино Гаравани, познат едноставно како Валентино, еден од великаните на модата од 20 век, почина на 93-годишна возраст.

За време на кариерата што траеше неколку децении, Валентино облекуваше бројни познати личности, вклучувајќи ги Елизабет Тејлор, Ненси Реган, Шерон Стоун, Џулија Робертс и Гвинет Палтроу.

Ја основа модната куќа Валентино во 1960 година и наскоро влезе во самиот врв на светската висока мода, рамо до рамо со Џорџо Армани и Карл Лагерфелд.

Тој беше познат по своите колекции кои зрачеа со луксуз, богатство и раскош, како и по неговите нагласени рамена.

„Почина мирно во Рим, опкружен со љубовта на своето семејство“, соопшти Фондацијата Валентино Гаравани и Џанкарло Џамети на „Инстаграм“.

Телото на Валентино ќе биде изложено во капела на Пјаца Мињанели во Рим од 21 до 22 јануари, соопшти фондацијата.

Погребот ќе се одржи следниот ден во базиликата „Света Марија на Ангелите и Мачениците“, се вели во соопштението.

Валентино е роден во мај 1932 година во регионот Ломбардија во Италија.

Имаш само 17 години кога се пресели во Париз, каде што студира во престижната Chambre Syndicale de la Couture Parisienne, а подоцна работи со Жак Фато, Баленсијага, Жан Десе и Ги Ларош.

Создавањето на познатата „црвена боја на Валентино“, инспирирана од патувањето во Шпанија, придонесе за глобалната слава на брендот, особено по лансирањето на иконскиот фустан „фиеста“.

Бојата стана толку важна за модната куќа што на ревијата на неговата последна колекција во 2007 година, сите модели на крајот носеа црвени фустани.

Во 2023 година, Валентино беше награден со наградата за извонреден придонес на Британските модни награди, една од најпрестижните церемонии во светот на модата.

ИЗДВОЕНИ