
Легендарниот шпански голман жестоко го предизвика Винисиус Жуниор, а во своите коментари не се штедеше ниту кога зборуваше за иднината на бразилскиот напаѓач и одлуката на неговиот клуб да го продолжи неговиот договор.
Станува збор за Сантијаго Канизарес, поранешен голман на Реал (М) и шпанската репрезентација, кој без влакна на јазикот коментираше за ситуацијата околу Винисиус и одлуката на „кралевите“ да ја продолжат соработката со Бразилецот.
Винисиус имаше уште една година од договорот, па Реал (М) мораше да одлучи дали да го продаде или да го задржи. Канизарес верува дека клубот се нашол во многу незгодна ситуација.
„Ова лето имаше дебата. Тој имаше уште една година од договорот, па или го продавате или не го продавате. Она што ви го дава на фудбалскиот терен го поништува она што ви го одзема“, рече Канизарес.
Поранешниот шпански репрезентативец потоа изнесе тврдење кое привлече уште поголемо внимание. Според него, Винисиус немал сериозен интерес од други клубови.
„Дали знаете што се случи? Никој не го сака. Никој не сака таков играч во својот клуб“.
Канизарес не застана тука, туку посочи дека Реал (М) практично бил принуден да го продолжи договорот на Бразилецот токму поради недостаток на конкретни понуди.
„Не мислам дека добил никаква понуда. Реал (М) бил принуден и морал да му го продолжи договорот затоа што, очигледно, ниту еден клуб не го контактирал него или неговиот агент, затоа што никој не сака играч со тие карактеристики“, додаде легендарниот голман.
По ова следеше дел од неговата изјава што привлече убедливо најголемо внимание од фудбалските медиуми.
„Па, да, помал клуб можеби ќе го сака… Њукасл. Тие ги креваат своите стандарди со Винисиус“, заврши Канизарес со ироничен тон.











