
Калчо гигантот Милан целосно потфрли и ги разочара навивачите на крајот од сезоната, а Рафаел Леао им зададе уште еден тежок со изјава која веќе неколку дена е главна тема на фудбалската јавност на Апенините.
„Росонерите“ играа многу добро во поголемиот дел од сезоната, па дури и беа во трка за „скудетото“ со градскиот ривал Интер речиси до самиот крај, но потоа имаше неверојатен пад на формата.
Од трка за италијанското првенство, играчите на Милан завршија без да се квалификуваат за Лигата на шампионите, што е огромен удар за клубот од „Сан Сиро“.
Сепак, откако заврши сезоната, навивачите на Милан добија уште една разочарувачка вест во врска со еден од најдобрите играчи на клубот, Рафаел Леао.
Португалскиот интернационалец е во центарот на вниманието на фудбалската јавност во Италија поради видео кое се појави на социјалните мрежи, каде Леао призна дека сака да го напушти Милан ова лето.
Иако е под договор со „росонерите“ уште две години, јасно е дека 26-годишникот веќе ги спакувал куферите и е подготвен за нов предизвик во својата кариера.
„Горд сум што оставив трага во Милан, но сакам нов предизвик во мојата кариера. Се чувствувам подготвен да играм во друга лига“, рече Леао и додаде.
„Дадов сè од себе за Милан, но мислам дека дојде време да се испробам во друг клуб и мислам дека ми треба нов предизвик во оваа фаза од мојата кариера.“
Леао пристигна во Милан во летото 2019 година од Лил за 50 милиони евра, а пред тоа играше за Спортинг Лисабон.
Португалецот одигра вкупно 291 натпревар за „росонерите“, постигнувајќи 80 гола и додавајќи 65 асистенции.
Се очекува неговата цена повторно да биде околу 50 милиони евра, бидејќи Леао не блескаше премногу минатата сезона.
Манчестер Јунајтед покажа голем интерес за него, а се поврзува и со гигантите од Истанбул – Фенербахче и Галатасарај.











